
– Зимската служба на општина Центар во вечерните часови ги чисти улиците од снегот на делот на Водно. Досега се исчистени улиците „Загребска“, „Ганчо Хаџи Панѕов“, „Караорман“, „Капиштец“ и „Питу Гули“, а се чистат улиците на Долно Водно и Водно.
– Се чисти со три машини и досега се фрлени два тони сол. Службите ќе работат во текот на ноќта, соопшти општина Центар.
Жителите на општина Центар можат да се јават на телефон 076/313-381 да пријават доколку има проблем со снегот.