Зинедин Зидан му се враќа на фудбалот

од desk2
18 прегледи Фотографија: realmadrid.com

Легендарниот Зинедин Зидан е без ангажман од 2021 година кога заврши неговиот втор мандат како тренер на Реал Мадрид, но наскоро ќе му се врати на фудбалот и тоа со нова улога како селектор на Франција, јави „Екипа“.

Французинот со успех го предводеше славниот шпански гигант до три титули во Лигата на Шампионите и две во шпанското првенство па не прифати ниту еден друг предизвик со цел да биде подготвен да ја превземе француската репрезентација која е негова голема желба веќе долго време.

Ниту самиот Зидан не ја крие желбата за нов предизвик во кариерата која според француските инсајдери ќе се случи по крајот на Светското првенство во 2026 година по што ќе следи заминување на Дидие Дешамп и официјална промоција на легендата за нов селектор.