Зиркзе пред трансфер на „Олд Трафорд“ – Тен Хаг подготвен да ја плати клаузулата за ослободување

од Vladimir Zorba
88 прегледи

Манчестер Јунајтед е подготвен да плати клаузула за ослободување од 40 милиони евра за напаѓачот на Болоња Џошуа Зиркзе.

Според „Goal“, агентот на 23-годишниот фудбалер е во директни преговори со „црвените ѓаволи“ за комплетирање на зделката.

За играчот е заинтересиран и Милан, но цената за трансфер е превисока за нив, се вели и во информацијата.

Во сезоната 2023/24, Зиркзе одигра 37 натпревари за Болоња во сите натпреварувања, постигнувајќи 12 голови и 7 асистенции.

Слични содржини