Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ се опоравува од новата повреда која го одвои од терените, но секојдневно покажува дека е во врвна форма и на 40 години.
Ибрахимовиќ веќе подолго време има проблеми со Ахиловата тетива, па не можеше да учествува на миланското дерби меѓу Интер и Милан.
И без него Оливие Жиру ја „избоксува“ победата на „росонерите“, а Ибрахимовиќ за тоа време тренираше со боксерска вреќа.
Тој на видеото што го објави ги обви нозете околу вреќата и на тој начин прави многу тешки стомачни, со кратка порака: „Трпение“.
Мускулите „пукаат“ по Златан, иако тој наполни 40 години во октомври 2021 година, а се уште е во подобра форма од многу помладите колеги, на кои комотно може да им послужи како пример.
Тоа е една од причините што толку долго се задржува на врвно ниво, бидејќи професионално игра од крајот на 90-тите.