Златан: Војната во Украина е трагедија, но не следам што се случува

од Nikola Popovski
426 прегледи

Напаѓачот Златан Ибрахимовиќ во дополнителните мундијалски квалификации од 20:45 часот ќе игра за Шведска против Чешка. Победникот од таа двојка ќе игра против Полска за пласман на Светското првенство во Катар. Пред натпреварот на прес-конференцијата Златан доби прашање за Украина, на кое тој одговори:

-Многу е тешко да се зборува за војна. Ја пренесувам мојата порака преку фудбалот. Ќе играме фудбал и ќе се обидеме на тој начин да шириме енергија и љубов. Трагично е ова што се случува денес. Во 2022 година треба нормално да се справуваме со работите, а не да поминуваме низ војни во што луѓето треба да страдаат за работи што не треба. Само што поминавме низ пандемија, излеговме од неа и војната започна.

Сакам да бидам позитивен, да споделувам мир и љубов. Тоа е она за што се залагам и се надевам дека ќе дојде што е можно поскоро. Го исклучувам телевизорот и не ги следам медиумите. Ми кажуваат што се случува, но не следам. Се надевам дека за брзо време ќе се реши сѐ, но не сакам да го следам. Јас сум против војната и се фокусирам на некои други работи, рече популарниот Ибра одговарајќи на новинарско прашање.

Слични содржини