Актуелно
Почетна / Магазин / Златна маска за лице од 4.000 долари

Златна маска за лице од 4.000 долари

Маските за лице станаа секојдневие во борбата против коронавирусот. Но, кај многумина се разбуди и креативноста да се направи заштитна маска со необичен или интересен дизајн. Меѓу оние понеобичните сигурно ќе влезе маската на Индиецот Шанкар Кураде.

Тој носи заштитна маска за лице направена од злато, чија вредност се проценува на околу 4.000 долари.

“Да направам златна маска дојдов на идеја откако видов еден човек кој носи сребрена маска. Бидејќи сакам злато и накит, помислив зошто да не носам и златна маска. Го замолив мојот локален златар да ми направи златна маска. Тешка е 2,5 килограми, а ме чинеше 289.000 рупии (3.869 долари)“, рекол Кураде за Sputnik.

Тој, иако е познат како голем љубител на златото, со оваа маска привлекол многу поголемо внимание. Маската е перфорирана за да може да ја дише преку нејзе, а вели и дека ги почитува и другите мерки за заштита од коронавирусот.

loading...