Златната резерва доаѓа кај Роналдо

од Vladimir Zorba
18 прегледи

Во финишот на преодниот рок во Европа беше договорен трансферот на колумбискиот напаѓач Џон Дуран од Астон Вила во Ал-Наср.

Дуран оваа сезона го привлече вниманието како најефикасна резерва во Премиер лигата и веројатно во европскиот фудбал. Тој оваа сезона во сите натпреварувања за Астон Вила постигна 12 гола за само 1.043 минути.

Тоа значи дека постигнува гол на секои 87 минути и е најдобар во Премиер лигата. Пред дури и неверојатниот Мохамед Салах оваа сезона.

Овој голгетерски учинок му обезбеди трансфер. Многумина би очекувале 21-годишниот играч да направи чекор напред во Европа, но следната дестинација на Колумбиецот ќе биде Ал-Наср.

Астон Вила не можеше да одбие 77 милиони евра, плус потенцијални бонуси. А Дуран доби и договор што не можеше да го добие во Европа.

А веројатно и неговата улога нема многу да се промени. Бидејќи наместо Оли Воткинс, сега за конкурент ќе го има Кристијано Роналдо, па веројатно често ќе добива можност да потврди дека е вистинска златна резерва.

Слични содржини