225
Документарниот филм All the Beauty and the Bloodshed, за американската фотографка Нан Голдин и нејзината борба против богатото семејство Саклер, го освои Златниот лав на филмскиот фестивал во Венеција.
Наградата ѝ припадна на Лаура Поитрас, која се занимава со истражувачко новинарство, пренесе „Ројтерс“.
Ова е само втор пат во 79-годишната историја на Венецискиот филмски фестивал, главната награда да биде доделена на документарен филм.
Најдобри актери Кејт Бланшет и Колин Фарел
Наградата за најдобра актерка ѝ припадна на Австралијката Кејт Бланшет за улогата во филмот TAR, додека наградата за најдобар актер ја доби Ирецот Колин Фарел за улогата во трагикомедијата The Banshees of Inisherin.