Златно млеко: Како да го подготвите ова чудо од пијалак?

од Elena Daskalova
422 прегледи

Комбинацијата на млеко и куркума веќе е добро позната како една од најдобрите за ослободување од вишокот течности во телото, но и за спречување воспаленија и подобрување на варењето.

Куркумата е позната по своите својства за детоксикација, но и антибактериското делување врз телото. Пијте го ова златно млеко, познато уште и комерцијално како куркума-лате, а ова е основниот рецепт:

Состојки:

Една чаша млеко
Половина лажичка куркума во прав
Малку бибер
Малку кардамом во прав

Подготовка:

Ставете го млекото во сад на оган и уште додека е ладно додадете ги зачините. Кога ќе почне да се топли, додадете ја куркумата, додека смесата да се изедначи и да добие златна нијанса.

Варете додека малку да зоврие. Префрлете го млекото во чаша и оставете да се излади. Можете да додадете и цимет, ѓумбир или каранфилче. Ако сакате поблаг пијалак, засладете со малку мед.

Слични содржини