Златото за прв пат во историјата над 2.500 долари за унца

од Vladimir Zorba
138 прегледи

Цената на златото денеска за прв пат се искачи над 2.500 долари за унца, поттикнувајќи ги очекувањата дека американската ФЕД ќе ги намали каматните стапки.

Цената на златото достигна 2.500,16 долари бидејќи најновите податоци на пазарот на недвижности во САД покажуваат дека намалувањето на каматните стапки во САД ќе биде побрзо и позначајно од очекуваното.

Пониските каматни стапки се генерално позитивни за златото бидејќи тоа не плаќа камата, пишува Bloomberg.

Цените на златото се зголемија за повеќе од 20 отсто оваа година, бидејќи овој благороден метал се смета за безбедно засолниште за капиталот во денешниот свет на растечки геополитички ризици на Блискиот Исток и Украина.

Светските централни банки се многу заинтересирани за златото и со тоа што го купуваат дополнително ја зголемуваат неговата цена, наведува њујоршката агенција

Слични содржини