(Зло) Употреба ли?-Помалите партии и граѓаните запоставени во лидерските средби!

од Vladimir Zorba
71 прегледи

Во пресрет на новата лидерска спредба на потписниците на пржинскиот договор се погласни и помалите партии и граѓаните кои учествуваат на протестите со отворени дилеми и барања  дали листата на договарачите или преговарачите не  треба веднаш да биде проширена.13417466_1057857780961031_6431261676108483593_n

Демократскиот сојуз и „ Колицијата за правда и промени “, подолго време барат отвореност и транспарентност на тие лидерски и преговарачки средби.

Тие кои што се извор на проблемите неможат и да бидат решение за проблемите , вели  лидерот на ДС Павле Трајанов. Ние имамае средби со меѓународниоит фактор, тоа не е спорно, но важно е да бидат вклучени сите чинители на општеството, сите кадарни луѓе кои можат да го најдат и го знаат излезот од кризата, бидејќи тоа се однесува на сите граѓани , а не само на партиските војски на потптисниците на пржинскиот договор. Тие се гледа дека немаат решение туку само математики, Трајанов вели и  дека мора да бидат вклучени сите релевантни партии, и се тоа да се одвива пред камери, а не скриено  од јавноста. Граѓаните мора да знаат што се договора и кој за што е, а не да се кријат едни зад други и секој зад секого.

Во поглед на решенија ДС не отстапува од  барањето за експертска влада, која ќе спроведе суштински реформи за обезбедување на функционалност на системот, итни рефоми на  судството, медиумите, поддршка на СЈО и обезбедување на фер услови за  спроведување на избори , и тоа по моделот на една изборна единица за целата држава.

„Колицијата за правда и промени“ за денеска најави и прес конференција со нивни конкретни барања и согледувања

лидери

Како реакција на затвореноста на преговорите и најавената лидерска средба за наредните денови реагираат и други партии и  се поглани и се и движењата  кои не се дел од преговорите или најважните договори во државата. Од Унитети  на Гзим Острени бараат да бидат дел од сите идни одлуки поврзани со граѓаните. Зулфи Адили од „Унитети“, вели дека учеството само на четирите најголеми политички партии во потпишување на Договорот од Пржино, всушност ја вметнало земјата во криза, и доказ дека тие немаат решенија.

Претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, смета дека би било подобро сите политички партии да учествуваат во големите договори.

Од движењето „Беса“, истакнуваат дека освен политичките партии, во договорите треба да бидат вклучени и невладините организации како и експертите од различни области.

„Сметаме дека освен БЕСА, Невладините организации и експертите од различни области треба да бидат дел од преговорите. Само една експертска Влада може да ја извлече земјава од кризата во која се наоѓа“, изјави Фатон Фазлиу од Беса.

Гражаните велат пак, лидерските средби во четворка само се злоупотреба на позициите и употреба на резулттаите од последните избори кои се покажаа како нерелеванти,  и никој повеќе не ги признава, така што и овие партии немаат легитимитет, само тие да преговараат за иднината на државата.

Слични содржини