Злосторствата во сајбер-просторот годинава ќе ја чинат Германија 206 милијарди евра

од Vladimir Zorba
269 прегледи

Злосторствата во сајбер-просторот, кои вклучуваат кражба на ИТ опрема и податоци, како и дигитална и индустриска шпионажа и саботажа, годинава ќе ја чинат Германија 206 милијарди евра, објави денеска германското дигитално здружение Битком.

Овој резултат е добиен врз основа на истражување на повеќе од 1.000 германски компании, а штетата трета година по ред ќе надмине 200 милијарди евра, пренесува Ројтерс.

„Германската економија е многу атрактивна цел за криминалците и непријателските држави, а линиите меѓу криминалците и актери контролирани од државата се нејасни“, рече претседателот на Битком, Ралф Винтергерст.

Слични содржини