Злосторството што ја потресе Словачка: Бизнисмен не е виновен за убиството на новинарот Кучијак и неговата свршеница

од Vladimir Zorba
179 прегледи

Словачкиот суд денеска донесе одлука дека влијателниот бизнисмен Марјан Кочнер не е виновен во случајот со убиството на новинарот Јан Кучијак, објави судијата кој го водеше случајот.

Судот го прогласи вториот обвинет за виновен за учество во убиството, но утврди дека нема докази дека Кочнер го нарачал убиството, пренесува Ројтерс.

Третиот обвинет беше прогласен за виновен и осуден на 25 години затвор за неговата улога во убиствата.

Кучијак беше застрелан во градите на 21 февруари 2018 година, а неговата свршеница Мартина Кушнирова беше застрелана во главата во нивниот дом.

Државното обвинителство побара 25 години затвор за тројца обвинети, од кои едниот е бизнисмен обвинет за нарачување на убиствата и двајца негови соучесници.

Сите тројца се изјаснија за невини за убиството на новинарот и неговата свршеница.

Убиството на Кучијак и неговата свршеница доведе до масовни протести во Словачка, по што премиерот, неколку министри, шефот на полицијата и директорот на антикорупцискиот оддел на Националната агенција за криминал поднесоа оставки.

Во времето кога беше убиен, Кучијак ги истражуваше врските на италијанската мафија со луѓе од словачката влада.

Слични содржини