Злоупотребен приватниот Фејсбук профил на Ивановска

од Stefanija Kuzmanovska
176 прегледи

Приватниот профил на Фејсбук на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Билјана Ивановска, е злоупотребен, информираа денеска од ДКСК.

„Одредени лица за нивни познати цели злоупотребуваат семејни фотографии на Ивановска и со фотомонтажа се обидуваат да создадат невистинита слика во јавноста. Против нив, Ивановска ќе поведе приватна постапка, имајќи предвид дека се работи за приватен профил“, се наведува во соопштението од ДКСК.