“Змијата” не го попушта завиткувањето околу Косово

од desk3
71 прегледи

Новиот претседател на Косово Хашим Тачи е многу познато лице и симбол на младата држава. Тој е поранешен бунтовник, познат како “Змија”, кој ја замени воената униформа за костимот на политичар и сега ќе го води Косово кон Европската унија.

Hasim-Taci (1)

Тачи игра водечка улога на политичката сцена во Косово веќе две децении. Неговото име стана познато за време на војната со Србија во 1998 и 1999 година како политички лидер на сепаратистичката албанска Ослободителна војска на Косово.

Високиот, побелен 47-годишен Тачи беше премиер на земјата во период од 7 години, а во моментов е министер за надворешни работи. Врв во популарност имаше во 2008г., кога како премиер прогласи независност од Србија, само 3 месеци по победата на изборите. Неговиот јавен лик сепак беше сериозно нарушен од извештајот на Советот на Европа од 2011 година., во кој беше обвинет за врски со организираниот криминал и шверцот на органи за време на војната со Србија. Тачи ги негира овие тврдења. Татко на едно дете, тој уште е обвинет за подмитување од демонстрантите кои излегоа на улица вчера, за да се обидат да го запрат изборот за претседател, незадоволни од бавниот развој и недостатокот на работни места во Косово.

Сепак, Тачи демонстрира исдигната идеја за самиот себе, а претходно овој месец изјави за АФП дека како претседател ќе биде “симбол на единството на сите граѓани на Косово”.

Тачи е роден на 24 април 1968. во централниот регион Дреница – една од најжешките точки на албанскиот сепаратизам. Хашим Тачи е поврзан со пасивна отпор против властите во Белград уште како студент на почетокот на 90-тите години. Подоцна оди во Швајцарија, која има голема дијаспора на албанските националисти, и учи историја. Заедно со екстремно-левичарскиот дел од косовските имигранти, расте и неговото незадоволство кон пристапот на мировниот отпор против Белград, следен од поранешниот претседател на Косово Ибрахим Ругова. Наместо тоа, Тачи се приклучува, заедно со други етнички Албанци, кон илегалната Ослободителна војска на Косово, која се соочува со силите на српскиот диктатор Слободан Милошевиќ.

Тачи добива герилски прекар “Змија”, за време на конфликтот кој заврши со воената интервенција на НАТО во 1999 година., по што беа протерани српските војници и се утврди администрација на ОН во Косово. Во овој момент Хашим Тачи го симна оружјето и стави костимот за да стане познат на Запад како “Косовскиот Гери Адамс”. (Претворајќи – Гери Адамс е ирски политичар-републиканец, некогаш активист на политичкото крило на вооружената група ИРА). Тачи победи на изборите во ноември 2007г., година по смртта на Ругова, кој се смета за татко на косовската нација и непобедлива во повоените избори до овој момент. Три месеци подоцна, под водство на Тачи, Косово прогласи независност од Србија. Оттогаш тој се претставува себеси како умерен политичар и усвои несериозен имиџ. Често го соблекува костимот и пишува на Facebook за да ги привлекува помладите гласачи.

Во последните години Хашим Тачи ја посвети својата енергија на преговорите со некогашниот непријател Србија, под покровителство на ОН. Нивната кулминација беше договорот за нормализирање на односите од април 2013 година. По маратонски преговори, Тачи призна дека потпишувањето на договорот со Србија му е “најтежок” момент.

Контроверзната спогодба која вклучува повеќе права за српското малцинство во Косово, стана појдовна точка за протести пред парламентот против Тачи и неговите министри. Подобрувањето на односите со Србија се чекор напред кон сонот на новиот претседател за пристапување кон Европската унија. Многу луѓе остануваат скептични кон ликот на Хашим Тачи за обединување кој ќе го внесе Косово во Унијата.

“Се плашам дека ќе продолжиме да гледаме во концентриран хаос”, изјави политичкиот аналитичар Беким Купина. “Косово ќе продолжи да се движи кон Европа со брзина на желка.”