„Значаен разговор“: Си Џинпинг конечно разговараше телефонски со Зеленски

од Stefanija Kuzmanovska
152 прегледи

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска телефонски разговарал со украинскиот претседател Владимир Зеленски.

Зеленски на Твитер објави дека имал долг и значаен разговор со Си.

„Верувам дека ова, како и назначувањето на украинскиот амбасадор во Кина, ќе дадат силен поттик за развојот на нашите билатерални односи“, рече Зеленски.

Веста дека кинескиот претседател разговарал со Зеленски ја пренесе и кинескиот државен медиум CCTV.

Слични содржини