Значително намалување на стапката на инфлација во еврозоната

од desk2
145 прегледи

Годишната стапка на инфлација во Европската унија од 1,9 проценти во април паднала на 1,6 проценти во мај оваа година. Во истиот период пред една година, стапката на инфлација изнесувала 2,0 проценти, објави Eurostat во вторникот.

Најниските годишни стапки биле забележани на Кипар, и тоа 0,2 проценти, Португалија 0,3 проценти и Грција 0,6 проценти, додека највисоките годишни стапки биле забележани во Романија 4,4 проценти, Унгарија 4,0 проценти и Латвија 3,5 проценти.

Во споредба со април оваа година, годишната инфлација во месец мај паднала во шеснаесет земји членки, додека стапката се зголемила во шест земји и останала стабилна во пет земји членки на ЕУ.