Полицијата во Германија минатата година забележала најголем број напади врз бегалци од 2016 година, пишува во средата весникот Neue Osnabruecker Zeitung.
„Полицијата во 2023 година забележала 2.378 напади врз бегалци, од кои 313 биле насилни престапи во кои биле повредени 219 лица“, пишува изданието, повикувајќи се на податоци од МВР.
Тоа значи дека бројот на напади во однос на 2022 година, кога биле забележани вкупно 1.248 напади, е речиси двојно зголемен.
Во исто време, регистрирани се 180 напади врз сместувања на бегалци.
Претставничката на партијата Левица, Клара Буенгер, која го праша МВР за бројот на нападите, смета дека зголемувањето на бројот на нападите, со оглед на заострувањето на политиката на Европската унија и германската влада кон бегалците и растот на популарноста на десничарската популистичка Алтернатива за Германија (AfD), што не е изненадувачки.
„Не е ни чудо што во ваквата општествена атмосфера, расистите се чувствуваат овластени и ја канализираат оваа атмосфера во акти и напади врз бегалците“, рече Буенгер.
Минатата година Германија доживеа најголем прилив на бегалци и баратели на азил од 2016 година.