Знаела дека се ближи крајот: Последниот твит на Мира Фурлан ги растажи обожавателите

од Stefanija Kuzmanovska

Актерката Мира Фурлан почина на 65-годишна возраст, а освен тажната вест за смртта на легендарната актерка, беше објавен и нејзиниот последен твит на нејзиниот официјален профил.

-Ги гледам ѕвездите. Ведра е ноќта и Млечниот пат изгледа толку близу. Одам таму наскоро. „Сите ние сме материја од ѕвездите“, одеднаш се сеќавам на зборовите на Делин од сценариото на Џо. Не е тоа толку лошо. Не се плашам. Во меѓувреме, дозволете ми да ги затворам очите и да ја почувствувам убавината околу мене. И да вдишам, под темното небо полно со ѕвезди. Вдишувам. Издишувам. Тоа е сè – стои на нејзиниот последен твит.

Слични содржини