Знаете ли дека… фигурите во Мадам Тисо се за 2% поголеми од реалните

од Vladimir Zorba
96 прегледи

Името засекогаш ќе остане во историјата како жената скулптор на восочни фигури. Мари Тисо е родена во 1761 година во Стразбур, Франција.

Мајка ѝ работи како домаќинот за д-р Филип Курциус кој правел восочни фигури за да се илустрира на анатомијата. Тој ја учи Мари Тисо на овој занает, со кој подоцна се прославува. По неговата смрт таа ја наследува неговата колекција од восочни фигури.

Знаете ли дека Тисо прави сопствен портрет од восок само осум години пред да умре, на 89-годишна возраст?

Првата фигура од восок ја создава во 1777 година и таа е на писателот Волтер. Нејзината работа била толку добра и импресивна што била поканета во дворот на Луј XVI и Марија Антоанета. Во 1835 година Мари Тисо се преселила да живее во Лондон и отвора музеј. Меѓу фигурите кои ги прави се такви на кралеви, политичари, познати криминалци, убијци.

Знаете ли дека во 1940 година Музејот на Мадам Тисо бил удрен од германски бомби? Повеќе од 350 фигури биле делумно или целосно уништени.

Сите портрети прикажани во Музејот на Мадам Тисо се редовно ретуширани.

Во повеќето случаи познатите личности донеле одлука со каква тоалета да биде претставена нивната восочна фигура. Некои дури изјавувале желба да донираат облека, за да биде крајниот резултат совршен.

Денес музејот е една од најголемите туристички атракции во Лондон, а тој има филијали во Амстердам, Бангкок, Пекинг, Берлин, Блакпул, Лас Вегас, Сеул, Холивуд, Хонг Конг, Њујорк, Орландо, Прага, Сан Франциско, Виена и други .

На свеченото отворање на музејот на Мадам Тисо во Берлин, еден маж успева од далечина да обезглави восочна фигури на Адолф Хитлер.

Мајка Тереза одбива да биде извајана нејзина фигура која ќе биде поставена во музејот, бидејќи сметала дека делата ѝ се многу поважни од физичкото тело. Таа е единствената личност која го одбива тоа.

Потребни се околу месец и повеќе да бидат ставени косите на фигурите кои периодично се чистат на посебен начин.

Кралицата Елизабета е моделирана неколку пати во текот на годините.

Сите восочни фигури се прават со 2% поголеми од реалните димензии на личностите, бидејќи се очекува восокот да го намали обемот за приближно толку за време на целиот процес.

Најмалата восочна фигура која може да биде видена во музејот е на Тинкербел – малата прекрасна самовила.

Но таа не е единствената прекрасен хероина во музејот. Видете неколку забележителни кадри од музејот во галеријата.