Знаете ли дека… има 6 вида фламинго?

од Vladimir Zorba
1,K прегледи

Тие се неверојатно убави, во силни бои, се движат во големи колонии од илјадници и секој пат кога ќе ги видиме, дури и на разгледница, ни го запираат здивот. Птиците фламинго се едни од најзначајните жители на планетата Земја.a725bb48fbbae64308af386934527348

Тие живеат големи плитки езера, лагуни, песочни острови, мангрови мочуришта.

Зборот “фламинго” доаѓа од шпанскиот збор “фламенко”, која потекнува од латинскиот збор “flamma” што значи пламен или оган.

Денес во рубриката “Знаете ли дека …?” споделуваме неколку интересни факти за овие птици.

Кога летаат заедно, птиците фламинго можат да достигнат брзина речиси 60 километри на час.

Знаете ли дека кога се хранат, Фламингото може да ја држи главата надолу со часови.

Овие убави птици се моногамни, а женските несат по едно до три јајца годишно. Малите првично не се розови и се хранат со млеко. Фламинго можат да произведуваат млеко кое има мала сличност со онаа на цицачите. Тоа се синтетизира во стомакот на повозрасната птица и со помош на клунот свој таа го дава нарака.

Како што рековме, бебињата фламинго се изведуваат бушави и покриени со сиво перје. На малите птици им требаат околу три години, за да се здобијат со розови, портокалови и црвени бои, а шест, за да достигнат полова зрелост.f00da1d7adcd2be863b750bc8657091a

Нозете на возрасните фламинго можат да достигнат 50 см должина. Птиците често стојат на една нога, кога се одмараат, криејќи ја другата во перјата. На овој начин ја задржуваат топлината на телото.

Знаете ли дека фламинго е прифатена како национална птица на Бахамите?

Розовото фламинго е со височина од околу 1,5 метри и тежина од околу 3,5 кг.

Во дивината Фламингото можат да доживеат до 30 години, а во прилагодена средина има податоци за птици преживеани 50 години.

Познати се шест различни вида фламинго, но мора да имате многу остро око за да ги разликувате.

Бојата на перјата на птиците во голема мерка зависи од пигментите во храната, кои ги наоѓаат, како ракчиња, алги, ракови. Според научници прекрасните бои птиците се должат и на подопашни жлезди во кои често го ставаат клунот свој.

Кога се хранат тие преземат водата и ја филтрираат, останувајќи само храната која им е неопходна.

Јајцата на Фламинго се изведуваат во гнезда направени од кал.