Пеперутките со полно право можат да бидат наречени најубавите инсекти на планетата. Нема човек кој ќе ја посочи како одвратен инсект токму пеперутката. Таа едноставно воодушевува и маѓепсува со својата убавина.
Пеперутките сепак се почудни суштества отколку што мислите. Затоа ќе ви раскажеме малку повеќе за нив во рубриката ” Знаете ли дека …? ”
Големината на пеперутките варира неверојатно многу – од околу сантиметар до цели 30 см на раширени крилја.
Пеперутките Монарси патуваат од Големите езера во САД до Мексиканскиот Залив на оддалеченост од околу 3200 километри и повторно се враќаат на север во пролет.

Пеперутка монарх; слика: Wikimedia Commons
Максималната брзина која пеперутките ја развиваат за време на летот е приближно 19-20 км / ч . Некои молци пак можат да развијат брзина од неверојатни 40 km / h , што е многу необично за повеќето пеперутки.
Знаете ли дека… лавот не е крал на џунглата?
Пеперутката лимоница го има најдолгиот живот меѓу сите пеперутки – околу 9-10 месеци.

Пеперутка лимонница; слика: Wikimedia Commons
Пеперутките не можат да летаат, ако телесната температура падне под 30 степени Целзиусови.
Знаете ли дека… во Рим има музеј на пастата?
Антарктикот е единствениот континент на кој нема пеперутки и никогаш немало.
Во моментов постојат околу 24 илјади вида пеперутки. Молците се најбројни. Нивниот број изнесува приближно 140 илјади видови.
Женските на некои видови молци немаат крилја. За да се движат тие лазат или се тркалаат.

Сфинксов молец; слика: Wikimedia Commons
Сфинксовиот молец го има најдолгиот убод – цели 30 см, за да може да достигне до боите на орхидеи.
Знаете ли дека… во Шведска е дозволен абортус поради полот на детето?
Многу пеперутки, како и повеќето инсекти, можат да пренесуваат 50 пати потешки товари од својата тежина. Исто како човек да подигне два автомобила полни со луѓе – невозможно!
Скелетот на пеперутките се наоѓа надвор од телото. Се вика егзоскелет. Многу видови инсекти имаат егзоскелет. Тој ги заштитува инсекти од удари и од губење на течности.