Многу работи можат да нè воодушевуваат секој ден. Човек учи додека е жив. Во резервацијата во полето ” Знаете ли дека …? ” ве запознаваме со интересни факти за светот околу нас. Така ќе направиме и денес! Уживајте во уште една порција занимливости, која се надеваме дека ќе ви го збогатат знаењето!
Црните мечки понекогаш паѓаат во хибернација додека се на гранката на некое дрво.
Токелау, група оддалечени острови во Пацификот под владеењето на Нов Зеланд, ја добива целата електрична енергија преку сопствени соларни панели, расфрлани низ територијата на островите.
Сите мачки во Египет биле сметани за свети. Ако некој се осмелел да наштети или убие мачка, добивал смртна казна.
Некои од првите пиратски знамиња поставени на јарболот на пиратските бродови биле црвени , не црни.
Знаете ли дека… Бетовен го обожувал кафето?
Највообичаен подарок во САД за Денот на таткото е вратоврска .
Во Германија се играат најмногу друштвени игри од која и да е друга земја. Под друштвени игри се има предвид “Не лути се човече”, “Монопол”, “Маратон”, “Дама” и слично.
Ланкастер , Пенсилванија е град кој бил престолнина на САД за најкратко -1 ден . Ова се случило на 27 септември 1777 година.
Некои кенгури, кои живееле пред 12 000 години биле со големина на носорог .
Знаете ли дека „Вијагра“ ги тера да стојат растенијата исправени до две недели
Човечките бебиња не можат да го чувствуваат вкусот на солта, додека не наполнат 4 месеци.
Машките панди го придржуваат пенисот со раце додека мократ, сличнона луѓето.
Под мразот на Антарктикот има над 400 езера со слатка вода.
Ако земјата беше со големина на зрно, тогаш Сонцето ќе беше големо колку портокал.
Некогаш топките за голф биле произведувани од чисто злато.
Жабите и саламандрите дишат преку кожата.
Мртвото Море не е целосно мртво. Во него живеат микроби, кои се водат од големите количества сол во водите.
Првите коњи на земјата биле со големина на сијамска мачка . Со текот на еволуцијата тие ги добиле денешните димензии.
Само околу 100 луѓе во светот зборуваат латински совршено.
Уран има само две сезони – лето и зима. И двата траат по 42 земни години .
Човечкото срце е толку силно што може да транспортира крв на 9 метри височина.
Во Италија луѓето носат црвена долна облека во новогодишната ноќ за среќа. Во Латинска Америка пак носат жолта за просперитет и среќа.
Знаете ли дека… Леонардо да Винчи бил осуден за содомија?
2 милиони луѓе јадат инсекти на земјата како дел од нормалното секојдневно мени.
Зелените очи се среќаваат само кај 2% од населението. Почести се кај жените отколку кај мажите.
Слики: iStock; flappinflags.com