Знаете ли дека… првите новогодишни светилки датираат од 1882 година?

од Vladimir Zorba
168 прегледи

По традиција во секој дом за Божиќ ќе има зелено дрвце што домаќините ќе го украсат според изборот. Со убави играчки и венци, елката секогаш додава една магија, а гледајќи кон врвот кој секогаш е во форма на ѕвезда, тајно се надеваме желбите дека ќе се остварат.
Денес во рубриката “Знаете ли дека …?” споделуваме неколку помалку познати факти за традицијата на елката.
Употребата на зимзелени дрвца за прославата на зимската сезона го постави почетокот уште пред раѓањето на Исус.

Според историските податоци, првата украсена елка била во Рига, Латвија во 1510 година.

Првата елка во Англија била воведена во 1800 година од принцезата Шарлот, сопруга на кралот Џорџ III.

Традиционално на врвот на елката треба да се ставаат ангел и ѕвезда. Ангелот го претставува архангел Гаврил, кој известил за претстојниот настап на Христос, а ѕвездата е симбол на Витлеемската ѕвезда во подем за време на Рождеството Христово .

Фото: Reuters

Првите вештачки божикни елки се појавуваат во Германија во 19 век, а потоа стануваат популарни и во САД.

Традицијата за елката пред Рокфелер центар го става својот почеток во 1933 година. Од 2004 година дрвото е украсено со Swarovski кристална ѕвезда oд 25 килограми. Од 2007 година наваму, дрвото е осветлено со 30 000 LED диоди, кои се напојуваат од соларни панели.

Првично божиќните дрва биле украсувани со овошје, ореви и други јадења. И денес во некои делови на светот до играчките има и мали бонбони.

Во 17 век божиќните дрва почнуваат да се осветлуваат и со свеќи, кои со појавата на електрификација се заменети со електрични светилки.

На едно дрвце му се потребни околу 7-8 години, за да достигне просечната големина, во која обично го купуваме за дома.

Годината е 1900, кога големите трговски дуќани почнуваат да красат елки.

Во 1856 година Френклин Пирс, кој е 14. претседател на САД, за првпат става елка во Белата куќа.

Во минатото дрвја како цреша на пример, исто така биле красени за празници.

Идејата за создавање на божиќни електрични светла е на Едвард Џонсон. Ова се случува во 1882 година.

Масовното производство на божиќни светилки започнува во 1890 година.

Секоја година во расадници во САД се одгледуваат над 300 милиони елки.