Обично во рубриката “Знаете ли дека …?” Ви презентираме тематски куриозитети во некоја област. Денеска сепак одлучивме да ве запознаеме со неколку хетерогени кои немаат ништо заедничко, но на кои нема да останете рамнодушни!
Дали сте виделе чудни бели раски, кога ќе погледнете кон небото? Тоа се всушност белите крвни клетки во крвта!
Во 1986 година вулканското езеро во Камерун избувнало толку многу јаглерод диоксид што убило 1746 луѓе за неколку минути!
Соновите стануваат сѐ повеќе чудни со напредување на ноќта.
Некои тумори можат да предизвикаат раст на коса, заби и коски од самата туморска маса.
Запалката може и да ви се чини модерен изум, но таа е создадена пред кибритот!
Мачката Стобс беше почесен градоначалник на гратчето Талкеена во Аљаска цели 15 години!
Држењето на вибратор врз грлото ги смирува гласните жици и ги подобрува говорните способности.
Дали знаете дека имате рецептори за вкус во желудникот, цревата, панкреасот, белите дробови, анусот и тестисите? Дури и во мозокот има такви клетки! Па, веќе знаете!
“Виагра” може да ги натера растенијата да стојат исправени и свежи околу 2 недели по режењето.
Дали сте слушнале за анатидаефобија? Таа претставува налудничав страв од тоа дека некаде и од некоја чудна причина патка ве набљудува.
Човечкото тело може да изгори од само себе без дури и да избувне во пламен. Ова се случува при одредени заболувања.
Во 1945 година еден петел на име Мајк живеел цели 18 месеци без глава.
Пијавиците имаат 32 мозоци.
Полжавите имаат приближно 25 600 заба.
Некои луѓе може да надуваат балони со ушите!
Некои желки пак земаат здив низ задникот.
Ве плашеле ли како деца, дека ако издете семка на лубеницата, од стомакот ќе порасне лубеница? Па, тоа никако не е исклучено, само што се однесува на грашок. Ако вдишете грашок и тоа се впушти во белите дробови, има огромна веројатност да из’рти и порасне.