Знаете ли дека… во Италија да му кажете на маж дека нема јајца е престап?

од Vladimir Zorba
118 прегледи

Италија секогаш била една од омилените држави на многу туристи. Таа е топла, пријателска, интересна. Таму секогаш има нешто ново за искусување, секогаш може да се прошетате низ убави катчиња да ја почувствувате романтиката на Медитеранот и да се нурнете во бескрајни рајски прошетки низ ридовите на Тоскана.
Ќе ве запознаеме со некои многу интересни факти за Италија во рубриката “Знаете ли дека…?”

Италија со своите 61 милион население е 5-та најмногу населена држава во Европа.

Италија е 8-та економија во светот според продуктивноста.

Најголем број заштитени од УНЕСКО културни објекти се наоѓаат токму во Италија. Тие се цели 50.

При ископувањата во Италија е пронајден неандерталец од пред повеќе од 200 илјади години . За споредба модерните луѓе пристигнале на овие простори пред околу 40 илјади години.

Италија е најголем производител на вино во светот.

Италијанската мафија има бизнис кој произведува 7% од БДП на Италија.

Повеќе од 1/3 од италијанските мажимеѓу 30 и 35 години живеат со своите родители.

Повеќе од 50% од Италијанците не можат да си дозволат да одат на одмор .

500 илјади Италијанци посетуваат Егзорцист секоја година.

Апликацијата Whatsapp е причина за повеќе од половина разводи во Италија во последните години.
Сан Марино е најстарата република во целиот свет. Постои како таква уште од 301 година пред Христа и поседува најстарата устав во светот .

Средниот прст на Галилео е изложен во музејот во Фиренца.

На 10-годишна возраст Мусолини е избркан од духовното училиште во Италија, бидејќи избодел свој соученик во раката.

Сите гондоли во Венеција се офарбани во црно поради посебен закон кој го бара тоа.

Повелија е остров во Италија, кој е исклучително опседнат од духови , поради што пристапот до него е забранет за туристи и патници.

Во Милано има општинска препорака да се смееш поголемиот дел од времето, освен во болници или на погреби.

Италијанскиот сериски убиец Леонардо Чангчун бил познат по тоа што ги претвора жртвите во торти и ги сервира на гостите.
На дното на езерото Решензее во Италија има цело село. Единствената градба која штрчи над водата е средновековна кула, изградена во 14 век.

Бенито Мусолини ги измачувал жртвите со тоа што ги терал да апсорбираат големи количини рицинусово масло.

Во 2012 година судот во Италија објави дека да му кажеш на маж дека “нема јајца” е дело што наметнува казна.

Доматите се голем дел од италијанската кујна, иако до 1504 години биле непозната култура на овие простори. Тие биле увезени од Америка потоа.

Најстариот универзитет во Европа се наоѓа во Болоња. Создаден е во 1088 година и сè уште работи.

На растафарианците во Италија им е дозволено да поседуваат марихуана заради спецификите на нивната религија.

Во Италија носењето на здолниште, дури и шкотски килт, е забрането за мажите . Тие дури можат да бидат уапсени за нарушување на јавниот ред поради тоа.

Во Италија има ресторан, врежан во карпите крај морето.

Ги нарекуваат фудбалските фанови во Италија ” тифоси ” затоа што нивниот фудбалски фанатизам се шири како тифус.

Секој ден во фонтаната “Ди Треви” се фрлаат повеќе од 3000 евра .

Една третина од Италијанците се уште не користеле интернет.