Знаете ли дека нацистите се обидувале да ги научат специјално обучените кучиња да зборуваат и да читаат? А, дека има луѓе кои страдаат од филофобија, што значи дека чувствуваат страв од заљубување? Денес во рубриката “Знаете ли дека …?” споделуваме уште интересни и малку познати факти.
Знаете ли дека шарите на секој тигар се единствени, исто како отпечатоците кај луѓето?
Во рок од три дена откако настапила смртта, ензимите кои ја разградуваат храната, почнуваат да се хранат со човечката плот.
Можеби не знаете, но во 1979 година во пустината Сахара веело снег.
Знаете ли дека некои кокошки се половина машки и половина женските?
Очите на симпатичните ноеви , всушност се поголеми во големина од нивниот мозок.
Бременоста на слонпвите трае две години.
Знаете ли дека пијавиците имаат 32 мозока?
Кога беше последен пат кога кивнавте? Покрај тоа што сте го направиле со затворени очи, сте биле и будни. Тоа е затоа што не можеме да кивнеме додека спиеме.
Знаете ли дека освен единствени отпечатоци, секој од нас има такви на јазикот?
На црвената планета Марс зајдисонцата се гледаат во сино.
Кастрацијата била позната уште во средниот век. Таа била применета како “лек” при хернија, епилепсија и лепра.
Големината на срцето на синиот кит може да достигне големина на автомобил.
Знаете ли дека машките морски коњчиња, исто така може да забременат?
Во 1700 година се случува нешто уникатно. Русинка раѓа 16 парови близнаци, 7 пати тројки и 4 пати четиризнаци. Овој феномен се забележува до пристигнувањето нејзината 40-годишна возраст, а бебињата се од еден татко.
Во 17 век, францускиот кардинал Мазерини никаде не патувал без личен шоколатиер.
Кога човек умира, последното нешто што го губи е слухот.
Знаете ли дека последниот кој останал преживеан патник од Титаник, Милвина Дин умира на 31 мај 2009 година, на 97-годишна возраст?