ЗНАМ ги соопшти условите до СДСМ за евентуална соработка

од Nikola Popovski
1,2K прегледи

Целиот мој живот сум борец. Никогаш не пласирам удари под појас. Не прифаќам да разговарам зад завесите и преку емисари кои секојдневно не контактираат. Затоа денес отворено ги кажувам своите ставови и ставовите на ЗНАМ, изјави денес лидерот на ЗНАМ и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, повикувајќи ги сите граѓани масовно да излезат на изборите на 8 мај и да гласаат по свое лично уверување за претседателските кандидати и парламентарните состави.

Димитриевски испрати порака до, како што рече, чесните членови и симпатизери на СДСМ.

-Срцето ме боли кога ве гледам вака исплашени од раководството на мојата политичка партија како ве држи во заложништво и како стe гневни на сите нив, а молчите. Gневен сум и јас. Етички исправно е да направам обид заедно да ги спасиме асномските и крушевските леви вредности и принципи. Ова се нашите услови на ЗНАМ за разговор за евентуална можна соработка:

-Во наредните 24 часа, раководството на СДСМ да поднесе неотповикливи оставки од сите можни функции во партијата;

-Носителите и коносителите на кандидатските листи на нотар да потпишат изјави дека нема да прифатат пратенички мандати и истите ќе ги преземат кандидатите што следуваат на листите по нив;

-Да се обврзат дека нема да го заговараат соработка со сегашното ДУИ, за да покажат дека навистина ја примиле пораката од граѓаните и постапиле по истата;

Овие услови не се за понижување, туку за одговорност на ова раководство на СДСМ. Нашите работни групи се подготвени за разговори со некое преодно техничко раководство на СДСМ кое ќе изрази политичка волја за ревидирање на нивните политики, кажа Димитриевски.

Доколку ова не се случи, додава тој, никој од раководството на СДСМ нема право да му се обраќа на ЗНАМ, бидејќи, според него, ќе потврдат дека нивната цел е само да стигнат до пратеничките мандати и имунитетот на тие мандати.

Слични содржини