ЗНАМ: СДСМ изгуби затоа што одамна ги заменија идеологијата и вредностите со лични интереси

Но она што се случи, додаваат од партијата на Максим Димитриевски, е доказ дека СДСМ повеќе не е партија, најмалку “најсилна опозициска партија”, туку „распаѓачки остаток од некогашен систем што живее само на инерција и старо име“

од Nikola Popovski
8 прегледи

ЗНАМ излезе со остро соопштение упатено кон СДСМ. Велат дека  додека тие зборуваат за „најсилна опозициска партија“, граѓаните во првиот круг од локалните избори зборува преку бројки – а бројките за нив се запрепастувачки.

-СДСМ, под актуелното раководство, го доживеа најголемиот изборен пораз во својата историја. Нивните кандидати за градоначалници беа избришани уште во првиот круг во повеќе општини, и тоа во Куманово, нивниот „чесен и докажан“ кандидат Мартин Костовски, не успеа ни да влезе во вториот круг, и заврши на срамно четврто место. Додека пак нивниот кандидат за градоначалник во Центар, Горан Герасимовски, ќе биде убедливо поразен во вториот круг. Толку за нивните „планови“, „сила“ и „рејтинг“, истакнуваат од ЗНАМ.

Но она што се случи, додаваат од партијата на Максим Димитриевски, е доказ дека СДСМ повеќе не е партија, најмалку “најсилна опозициска партија”, туку распаѓачки остаток од некогашен систем што живее само на инерција и старо име.

-Партијата што некогаш се темелеше на вредности и идеали, денес е претворена во приватен клуб на интереси, бизниси и меѓусебни војни за остатокот од влијание. СДСМ е политички труп што глуми живот додека се гуши под тежината на сопствениот криминал и лаги, без визија, без морал.

Колку и да се обидуваат да ја префрлат вината, фактите се сурови: СДСМ не изгуби поради ВМРО, ниту поради ЗНАМ – изгуби поради себе, поради ароганцијата, криминалот и отуѓеноста од народот. Изгуби затоа што одамна ги заменија идеологијата и вредностите со лични интереси!

Движењето ЗНАМ не е ничиј тројански коњ, ниту придружна партија во туѓи игри. ЗНАМ расте, и тоа благодарение на граѓаните што веруваат дека чесноста, принципите и работа во нивен интерес сè уште имаат смисла. На овие локални избори ја потврдивме стабилизацијата на нашето гласачко тело и покажавме дека политиките што ги водиме се во вистинска насока, стои меѓу другото во партиското соопштение на ЗНАМ.