ЗНАМ се уште не ги договориле кадрите во новата Влада

од Nikola Popovski
455 прегледи

Верувам дека ЗНАМ како потенцијален партнер во идната власт, ќе дадеме свој допринос со нашето политичко делување. Разговараме сериозно за имплементација на дел од нашите програмски определби во идниот владин состав, изјави лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски кој заедно со пратеничката група од неговата партија се подготвуваа да влезат во Собранието на првата конститутивна седница.

На прашањето дали се договорени кадровските решенија, Димитриевски истакна се уште нема такво нешто, со оглед дека, како што вели, се уште разговарале за платформите.

-За нас во втор план се поделбата на власта и министерските позиции. На прв план се сето она што го ветивме пред граѓаните, истакна Димитриевски пред новинарите.

Во јавноста веќе кружат информации дека движењето ЗНАМ во новата Влада ќе има двајца министри, за правда и новото Министерство за администрација. Се споменува името на Весна Бендевска како нова министерка која треба да го замени Кренар Лога во ресорот правда.

ЗНАМ освои шест пратенички мандати според изборниот резултат.

Слични содржини