ЗНАМ тврди дека нивните пратеници досега не наплатиле патни трошоци

од Nikola Popovski
25 прегледи

Во врска со предложените измени на Законот за пратениците во врска со патните трошоци, партијата ЗНАМ ја информира јавноста дека нивните пратеници ниту досега наплаќале, ниту отсега ќе наплаќаат патни трошоци. Според партијата на власт, само еден колега од пратеничката група за 7 месеци има вкупно добиено околу 30000 денари по сите основи (гориво,патарини и амортизација), што претставува и помалку од направените реални трошоци за превоз од и до Собранието.

-Нашиот став во врска со овој предлог-закон на колегите од Левица останува принципиелен: ќе ги игнорираме сите предлози чија единствена цел е популизам и театризација на секоја тема. Ние сме подготвени за отварање конструктивен процес на разговори за сите прашања со сите пратенички групи, преку кој би се дошло до заедничко, општоприфатливо и најдобро решение, истакнуваат од ЗНАМ.

Слични содржини