ЗНАМ ветува зголемување на платите на докторите за 20%, а на медицинските сестри за 50%

од Nikola Popovski
202 прегледи

Движењето ЗНАМ најавува мерки и политики кои ќе ги подобрат условите во здравствениот систем. Од партијата велат дека ќе работат на зголемување на бројот на лекари, со фокус на инвестирање во образованието и обука на нови лекари, како и со создавање на услови за задржување на постоечките. Исто така, ветуваат дека ќе ги поттикнат младите да се вклучат во медицинската професија преку програми за стипендии и обука.

„Конкретни мерки од нашата програма се: зголемување на платите на докторите за 20 проценти, зголемување на платите на медицинските сестри и другиот медицински персонал за 50 проценти, бесплатен здравствен систем за сите граѓани на државата, креирање на здравствен систем кој ќе ги лекува пациетнтите и нема од нив да прави клиенти, еднаков пристап до здравствени услуги на сите граѓани по нивен избор и подобрување и реновирање на сите здравствени објекти во Македонија“, изјави Даниел Стојчевски, носител на кандидатската листа во ИЕ 2.

ЗНАМ ќе се фокусира и на подобрување на здравствената инфраструктура и пристапот до здравствени услуги за сите граѓани, особено за оние во руралните области.

„Ја споделуваме и вашата загриженост за ниските нивоа на наталитет и високата стапка на смртност, и затоа ќе се фокусираме на програми за здравствено образование“, додаде Стојчевски.

Слични содржини