ЗНАМ за новото раководство на СДСМ: Партијата ја раководат луѓе со сомнително минато и без никакви биографии

од Nikola Popovski
133 прегледи

Ако овој состав на СДСМ се претставува како новото лице и новата енергија на партијата, тогаш навистина треба да бидат загрижени за својата иднина, велат од движењето ЗНАМ за вчерашниот конгрес на СДСМ и изборот на ново раководство на Централниот одбор на партијата.

Партијата на Максим Димитриевски упати остра порака до претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

-Директорот на фондацијата Заев, Венко Филипче, вршител на должноста Претседател на Акционерското друштво СДСМ, во доминантна сопственост на кланот од Струмица, на конгресот си избра нов акционер од друштвото на Сорос. Тажна е сликата на составот на новиот Централен одбор во кој нема никаков интелектуален капацитет, ниту реализирани личности во општествениот и јавен простор во Македонија.

Жално е што од една државотворна партија во која беше интегриран интелектуалниот крем на Македонија, партијата се сведува да ја раководат луѓе со сомнително минато, луѓе без никакви биографии, загубени и отуѓени од основната идеолошка матрица на социјалдемократијата.

Како шлаг на тортата ќе биде изборот на секретарите на партијата, со кој ќе се потврди управувачкиот пакет акции на Заеви, истакнуваат во партиското соопштение.

Денеска следуваа бројни реакции по конгресот на СДСМ. Филипче вети нов почеток и пресвртница во дејствувањето на партијата, дел од сопартијците кои не беа присутни велат, не добиле ниту покана. Власта разочарана од кадровската понуда, вели не можат да бидат конструктивна опозиција. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека не е импресиониран од изборот. Нагласи дека локалните избори ќе бидат вистински тест за раководството на СДСМ.

Слични содржини