ЗНАМ: Жртвата и храброста на граѓаните кои ја создадоа Македонија се нашата обврска секој ден да изградиме посилна, поправедна и послободна држава

Движењето ЗНАМ останува целосно посветено на градење праведно и демократско општество, силни институции и стабилна европска Македонија, велат од партијата

од Nikola Popovski
16 прегледи Фото: ЗНАМ

Делегација на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, која ја предводеше претседателот на Градската организација Скопје, Мирослав Лабудовиќ, денес присуствуваше на свечената академија по повод одбележувањето на Денот на независноста – 8 Септември, што се одржа во Македонската филхармонија.

-Присуството на делегацијата на ЗНАМ е потврда дека независноста не е формалност од минатото, туку трајна задача за сегашноста и иднината. Жртвата и храброста на граѓаните кои ја создадоа Македонија се нашата обврска секој ден да изградиме посилна, поправедна и послободна држава, велат од партијата.

Од ЗНАМ истакнуваат дека одбележувањето на Денот на независноста нè потсетува дека иднината на државата се гради преку единство, одговорност и визија – вредности кои ги споделува и за кои силно се залага Движењето.

-Движењето ЗНАМ за Наша Македонија останува целосно посветено на градење праведно и демократско општество, силни институции и стабилна европска Македонија која ќе им служи на сите граѓани, порачуваат од партијата на власт.