Знаме со карта на „Голема Албанија“ на концертот во Тетово организиран за Курти

од Vladimir Zorba
414 прегледи

Знаме со карта на таканаречена „Голема Албанија“ која опфаќа делови од Македонија, Црна Гора, Србија и Грција се вееше на вчерашниот концерт, кој Општина Тетово го организираше по повод пречекот на косовскиот премиер Албин Курти. Оваа фотографија е поставена на официјалниот профил на градоначалникот на Тетово, Биљал Касами на социјалната мрежа Фејсбук. На настанот беа и Иџет Меџити и Африм Гаши.

Пред концертот на публиката и се обратија и Албин Курти и Биљал Касами.

-Северна Македонија треба да биде што поблиску до Косово, Албанија и Бугарија, а подалеку од Србија која не се дистанцира ни од Милошевиќ, ни од Путин. Вака Северна Македонија ќе биде што поблиску до зачленувањето во ЕУ, а нашиот регион на Балканот ќе биде побезбеден. Поради ова ние треба да и помагаме и ќе ја поддржиме Северна Македонија, истакна од говорницата Албин Курти.

Претходно во текот на вчерашниот ден Курти беше во посета на Општина Тетово, а потоа со градоначалникот Билал Касами заедно потоа го посетија планинското село Вејце. Двајцата се заложија за побрза изградба на патниот правец Тетово – Призрен кој би минувал низ Шар Планина.

Слични содржини