Понекогаш љубовта е збунувачка. Можеме да мислиме и да се убедуваме дека сакаме или сме вљубени во некого, но вистината е сосема друга.
Тешко е да си дадеш сметка за реалноста, ако се обидуваш од себе да ја избегнеш или ако партнерот ти е лудо вљубен во тебе и прави сé што може да те убеди во меѓусебната љубов.
Ако се уште не сте сфатиле дали сте заљубени или не, има некои знаци кои ќе ви помогнат да си одговорите на ова прашање.
Никогаш не се возбудувате пред да го видите ” омилениот ”
Кога си вљубен само помислата дека ќе го видиш објектот на љубовта те тера да се возбудиш или желудникот да ти се преврти. Ако со вас не е така, не сте само различни од другите, туку воопшто не сте вљубени.
Никогаш не се сеќавате за него
Вљубените луѓе се сеќаваат на партнерот во текот на денот, кога прават нешто. Некако мислата им лета кон објектот на нивната љубов – што ли прави, дали е добро, што ли мислеше вчера велејќи го она нешто … Воопшто, вљубените луѓе постојано мислат на партнерот, а ако со вас не е така, ситуацијата е јасна – не сте вљубени.
Немате желба да споделите голема вест со него
Кога имате добра или лоша вест, првиот човек, со кого ја споделувате и на кого се сеќавате да се јавите не е дечко ви. Штом немате мотив да ги споделите со него или неа, значи емотивно не сте обврзани со овој човек.
Не чувствувате хемија
Хемијата е важна компонента од здравата врска. Ако неа ја нема, веројатно само сте се уште со овој човек, за да не сте сами. А, може искрата едноставно да е згасната. Тоа е моментот кога треба да процените дали сте љубители на партнерот или сте со него само по инерција.
Не правите планови
Заедничката иднина е важна за една врска. Кога сакаш да го поминеш животот со одредена личност, неизбежно почнуваш да кроиш планови. Кога сепак пет пари не даваш за него, но не го сфаќаш тоа, време е да размислиш имаш ли планови за иднината, кои го вклучуваат него или неа.
Не правите напори
Не ви е гајле особено дали тој или таа е задоволен од она што го правите или велите. Не само што не вложувате напор, но и навистина си правите што сакате. Еден вистински вљубен човек не би го направил тоа.