Дали знаете колку изнесува препорачаниот дневен внес на сол и кога сте претерале?
Експертите сметаат дека дневниот внес на сол не треба да надминува пет грама, што е пропорционално на една лажичка.
Сепак, имајќи предвид дека солта се наоѓа во многу намирници, па дури и во оние што не изгледаат солени за нас, проблемот е во тоа што не можеме точно да знаеме колку сол сме изеле.
Но, она што можеме да го направиме е да обрнеме внимание на сигналите што ни ги испраќа нашето тело и, врз основа на нив, да се обидеме да го намалиме внесувањето на сол.
Сува уста
Најочигледен знак дека сте јаделе премногу солена храна е жедта. Тоа се случува кога телото дехидрира, а водата е тогаш неопходна за регулирање на потребното производство на телесни течности.
Силна главоболка
Се разбира, не секоја главоболка е поврзана со прекумерно внесување сол, но бидејќи солта е поврзана со висок крвен притисок, голема е веројатноста да имате главоболки поради тоа. Овие главоболки се специфични, бидејќи во тие случаи имате чувство дека главата ќе ви експлодира.
Отечени раце и нозе
Не сте се здебелиле, но забележувате дека вашите раце се подебели и не можете да ставите прстен на прстите што го носевте до вчера без никакви проблеми. Ова е еден од симптомите на јадење премногу сол на дневна основа. Кога водата останува премногу долго во телото, тоа доведува до надуеност, а најпрво отекуваат рацете и нозете.