Гастроентеролози се доктори на кои можете да им се обратите за симптоми кои се однесуваат на бројни делови на телото, а то вклучува се, од јајници до ректумот.
Но, доколку ги забележите овие симтоми, секако би требало да се посоветувате со доктор.
1. Запек
Доколку во една недела извршувате голема нужда помалку од три пати, значи дека имате чест проблем со запек, тој спаѓа под сериозни цревни проблеми. Запекот најчесто се јавува кај постари личности, како и личности кои не пијат доволно течности или кои во својата исхрана внесуваат малку влакна.
2. Дијареа
Грчеви и течна столица, се симптомите на дијареја кои се појавуван многу често, но честата дијареја би можеала да биде симптом на синдромот на иритирани црева.
3. Ждригавица
Честата ждригавица може да биде симптом на гастроезофагеална рефлуксна болест која е секако добра причина за посета на лекар.
4. Жолчни камења
Жолчните каменчиња и вишокот на желудечна киселина резултира со болки во стомакот, што може да трае со часови и да се појави одненадеш. Постојата болка е добра причина за посета на гастроентеролог.
5. Колоноскопија
Доктор можете да посетите и доколку не ве мачат одредени болки и не покажувате одредени симптоми. На пример, гастроентеролог би било добро да посетите за да направите колоноскопија, а за лицата над 50 години, препорачливо е да се прави колоноскопија на секои 5-10 години.
6. Превентивен преглед за рак
Постарите возрасни лица би требало да стекнат навика за редовни превентивни прегледи за рак кој може да се создаде во цревниот тракт, каков што е ракот на дебело црево.
7. Чир на желудникот
Чирот на желудник се манифестира со појава на вообичаените симптоми кои подразбираат болка која се јавува меѓу желудникот и папокот, некогаш се јавува поради глад, чувство на горење, некогаш со тенденција за ширење накај грбот. Доколку ги имате овие симптоми веднаш посетете докор.
8. Надуеност
Доколку се надувувате откако ќе јадете нешто, можно е нешто од намирниците да не ви одговара. Докторот може да ви помогне да утврдите што од намирниците ви пречи.
9. Хемороиди
Се создаваат кога иритираните жлезди во ректумот натекуваат, а сите нус појави на оваа состојба, гастроентерологот брзо и едноставно може да ви ги реши.
10. Траги од крв
Крв во столивата е сериозен знак дека нешто не е во ред, а доколку забележите траги од крв обратете се кај гастроентеролог или пак кај својот матичен лекар.