Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) остро го осудува денешниот напад врз екипа на Медиумската информативна агенција (МИА) која професионално известуваше за протестот поврзан за случајот ,,Монструм”, стои во соопштението на ЗНМ.
Оттаму вела дека за време на протестот врз новинарската екипа на МИА имало обид да им се одземе опремата, по што настанала турканица при што снимателот бил турнат, а неговата опрема оштетена.
-Ваквиот однос кон новинарите кои се на работна задача на терен е неприфатлив и потребно е да биде строго казнет од страна на Министерството за внатрешни работи затоа што насилството кон новинарите не е дозволив во демократски земји.
Неказнивоста на нападите и медиумските работници може да поттикне посериозни насилства кон новинарите, а со тоа дополнително да се загрози нивната безбедност, правото на слобода на изразување како и правото на информирање на граѓаните. Затоа е важно што поскоро да се измени Кривичниот закон во насока на системска заштита на новинари и медиумските работници, стои во соопштението на ЗНМ.