„Зоки Поки“ ќе се репризира: еве 10 причини зошто да ја гледате серијата

од Берта Китинска

Ако сѐ уште ја немате изгледано првата сезона од ТВ-серијата според култната книга за деца на Оливера Николова, „Зоки Поки“, сега ќе имате шанса.

Во периодот од 22 јуни до 03 јули, Македонска телевизија ќе ги репризира сите епизоди од првата сезона на првиот програмски сервис МРТ1. Првите 5 епизоди ќе се емитуваат секој ден од 22 до 26 јуни во 19.00 часот, а вторите 5 епизоди ќе се емитуваат секој ден од 29 јуни до 3 јули во 19.00 часот.

Во пресрет на репризата, издвојуваме десет моменти кои ја одбележаа првата сезона:
1. Најуникатниот роденденски подарок за Зоки Поки од баба Оле

2. Мускетарите Зокос, Гокос, Бокос и Лидијањан и нивното мото „сите за еден, еден за сите“

3. Зокијана Џонс и екипата во потрага по чудовиштето од подрумот

4. Кога татко му на Зоки, Филип, и го купува целиот свет на неговата Лидија

5. Тренингот за астронаути и уникатните стомачни на Боки

6. Кога Лидија и Зоки со летечки точак прелетуваат пред месечината

7. Таткосаурусот Филип и синосаурусот Зоки во посета на Природонаучниот музеј

8. Кога Лидија ќе го бакне Зоки, ама вистински!

9. Кога дружината го бара потенцијалниот крадец во влезот и си ги замислува станарите како крадци, вештерки и шпиони

10. Сите сонови и фантазии на Зоки Поки

Главните улоги ги толкуваат децата-актери Матеј Настевски (Зоки Поки), Анастасија Аневска (Лидија), Матео Матоски (Боки) и Матеј Зимбаков (Гоки).

Покрај детската екипа, во серијата играат и Сашко Коцев и Даниела Иваноска, кои ги глумат родителите на Зоки и Сабина Ајрула-Тозија, која ја игра улогата на неговата баба.

Епизодите се достапни за гледање и на веб-страницата ZokiPoki.mk и на официјалниот YouTube канал.

Повеќе информации за ТВ-серијата се достапни на веб-страницата ZokiPoki.mk.

Слични содржини