„ЗОНА НА САМРАКОТ“ во Пентагон, или 60.000 војници за кои (скоро) никој не знае

од Vladimir Zorba
206 прегледи

Најголемата тајна армија во светот, списанието „Њузвик“ ја нарече армијата, која брои околу 60.000 припадници, чии задачи вклучуваат активности против исламисти во Африка и Пакистан и тајни операции во Иран и Северна Кореја.

Околу 60.000 луѓе се ангажирани во операцијата на Пентагон, која магазинот ја опишува како најголема тајна операција во историјата. Таа армија е десет пати поголема од слични операции што некогаш биле иницирани од Централната разузнавачка агенција, ЦИА.

Списанието тврди дека оваа армија спроведува активности во САД, но и надвор од границите на таа земја, во униформи и цивилна облека, понекогаш криејќи се зад приватни компании или консултантски куќи.

По двегодишна истрага, „Њузвик“ тврди дека реалните димензии на оваа операција не можат со сигурност да се проценат и дека целиот потфат е во спротивност со американските закони и Женевската конвенција.

Во оваа операција се вклучени околу 130 приватни компании, кои се обезбедуваат со логистичка поддршка од десетици малку познати и тајни владини служби, по цена што надминува 900 милиони долари годишно.

Според американското списание, тие пари се трошат на создавање лажни идентитети и набавка на опрема за шпионирање.

Околу 30.000 припадници на оваа тајна армија се ангажирани во специјални операции, кои вклучуваат гонења на исламистите од Пакистан до Западна Африка, но и во акции од Иран до Северна Кореја.

Сè поголем број луѓе ангажирани на овој начин се занимаваат со електронска војна и никогаш не се оддалечуваат од тастатурите. Нивната главна цел е да се спротивстават на растечката конкуренција што Кина и Русија ја претставуваат во Америка.