350
Денеска во Зоолошката градина – Скопје ќе биде отворено надворешното живеалиште за пингвини.
„Вкупно имаме девет пингвини, од кои три пристигнаа од Италија, а шест од Русија. По карантинскиот престој и адаптација првпат ќе бидат пуштени во надворешното живеалиште кое е градено по светски стандарди и со идеални услови за овој вид на јужноамерикански пингвини“ информираат од Зоолошката градина.
Отворањето на надворешното живеалиште за пингвини беше закажано за вчеравечер, но поради временските неприлики и дождот беше одложено за денеска.