Зоран Заев и Алексис Ципрас му ја врачија Наградата за мир Преспа на амбасадорот Метју Нимиц

од Milan1
2,9K прегледи

Со силен аплауз на гостите и учесниците Зоран Заев и Алексис Ципрас му ја врачија Наградата за мир Преспа на амбасадорот Метју Нимиц, како прв кој го добива ова признание кое Институт Алексис Ципрас и Фондацијата Заев најавија дека традиционално ќе се доделува секоја година на денот кога се одбележува Преспанскиот договор.

– Заедно со Алексис му ја предадовме првата Награда за мир Преспа, на амбасадорот Метју Нимиц кој имаше трпение повеќе од две децении од својот живот да им посвети на барање решение за спорот за името.

Со неговата поддршка и посветеност изградивме меѓусебна соработка и дојдовме до решение не само за името, туку отворивме порта за соработка за двете земји за подобра иднина на нашите народи, но и за иднината на регионот. Му благодарам на амбасадорот Метју Нимиц кој ни помогна да стигнеме до решение кое денес е модел за решавање многу спорови.

Нимиц ни порача да го чуваме и негуваме Преспанскиот договор и целосно да го имплементираме, напиша Заев на својот Фејсбук профил.

Слични содржини