Зоран Заев ја отфрли идејата за нови избори и останува на линија со Брисел и ЕУ!

од Vladimir Zorba
107 прегледи

Лидерот на СДСМ инсистира да го добие мандатот за формирање на влада, особено по пораките кои отворено ги упати Брисел преку еврокомесарот Јоханес Хан.

 Лидерот на македонската партија СДСМ, Зоран Заев, вчера изјави дека за него предвремените парламентарни  избори не е начинот за излез од кризата и тој  сега треба да добие мандат за да  се обиде да формира влада, само тоа е институционалниот пат.

“Ако гледавме решение во предвремени избори, ние сакавме да ги иницираат веднаш. И ќе победиме  Но,  повторно велам дека ако партиите добијат ист број места или ако има повеќе или помалку места за СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ да добијат , ништо нема да се промени. Ѓорѓе Иванов може повторно да одбие да даде мандатот. ВМРО ДПМНЕ има и друг проблем со која албанска партија ќе коалицира дури и да победи. Нема никаов смисол да се оди на избори, без да се има  причината за изборите “, истакна  Заев.

За денеска е закажано продолжение  на координацијата кај претседавачот Трајко Вељановски. Од СДСМ очекуваат дека тој како вмроовски кадар ќе ја опструира седницата, и ќе се обиде да ја блокира работата со свои аргумантации, исто како претседателот Иванов, игнорирајќи го главниот аргумет,  а тоа е парламентарното мнозинство од 67 пратеници, на кое иснситира и Брисел и целата меѓународна заедница. СДСМ најверојатно ќе му даде уште некој ден за премислувањ,е и на Вељановски и на Иванов, колку да ги протолкуваат сериозните пораки и преупредувања  кои стигнуваат од седиштето на Европската комисија. ЗАеб останува на линијата на ЕУ и препораките на Рвропската комисија, кои вчера ги соопшти Јоханес Хан.