Зорица Ѓорчевска побара исклучување на јавноста од судењето, судот одби

од Nikola Popovski
70 прегледи

Обвинетите за двојното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски и за соучесништво, седнaa на обвинителната клупа. Судот на почетокот на денешното судење не го прифати предлогот на Обвинителството за исклучување на јавноста.

Зорица Ѓорчевска, мајка на убиеното девојче Вања Ѓорчевска преку нејзиниот полномошник поднела барање до Обвинителството јавноста да биде исклучена од цела јавна расправа за судењето за убиството на девојчето и велешанецот. Причините кои ги навела мајката се заштита на приватниот живот и траумите кои ги доживеала таа и нејзината помала ќерка од медиумското известување.

Љупчо Палевски беше во бегство во Турција, од каде што беше екстрадиран во земјава. Обвинетите и нивните бранители ќе можат да се запознаат со доказите и да конципираат одбрана. Штом почне процесот, по запознавање со обвинението, треба да се произнесат дали чувствуваат вина.

Четворица се товарат за двојно убиство, грабнување и соизвршителство. Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски е обвинет дека им дал на останатите обвинети информации за движењето на неговата ќерка.

Панче Жежовски беше пријавен за исчезнат на 24 ноември лани, а малолетната Вања, на 27 истиот месец, а беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември 2023 година. Мотивот за нивното грабнување и убиство според обвинителството е заради барање откуп, а обвинетите треба да објаснат зошто заврши со две свирепи убиства.

Слични содржини