Зошто Алиша Кис не се крие зад шминка

од Vladimir Zorba
118 прегледи

Пред неколку дена американската поп ѕвезда Алиша Кис настапи во финалето на Лигата на Шампионите во Милано, а на сите гледачи им остави впечаток фактот дека таа немаше ни капка шминка на лицето.55d58a9bbd135397e18dc733e0120dbb

Излезе дека пејачката намерно се појавува пред стотици милиони фанови без шминка, бидејќи тоа ѝ помага да ги надмине своите комплекси.

35-годишната пејачка објасни дека до неодамна често се криела зад мејкап, бидејќи сметала дека не е доволно добра за да се појави во природен изглед пред светот.

Алиша призна дека одлучила да се појави со природен изглед во центарот на вниманието, за да почувствува посилна контрола над себе.

Таа изјави: “Секој пат кога излегувам од дома сум загрижена дека ако не ставам шминка и ме сликаат, ќе изгледам ужасно. Тоа беа несигурни, површински мисли. Веќе не придавам толку големо значење на она што другите луѓе мислат за мојот изглед. ”

Кис ќе биде без шминка и на сликата за корицата на претстојниот албум, чие дело е на фотографот Пола Кудачки.

Алиша додава: “Музиката ми е сурова и реална, сакам и моето лице да е такво.”

Поп ѕвездата додава дека откако се појавува без шминка се чувствува силна, слободна и навистина убава.

Со оваа своја позиција пејачката направи мини револуција и успеа да инспирира голем дел од своите 5,8 милиони фанови во Instagram.

Фото: gettyimages.com