Зошто Bitcoin падна на 42.000 долари?

од Берта Китинска
373 прегледи

Цената на Bitcoin, најголемата криптовалута во светот, падна на дневното ниско ниво од 42,293.85 долари (во моментот на пишување), според CoinMarketCap, со пад од 1,68% во последниве 24 часа и дури 12,70 на неделно ниво.

Алткоините претрпеа уште поголем пораз, при што Solana (SOL), Terra (LUNA) и Polkadot (DOT) забележаа двоцифрени загуби.

Пазарните турбуленции доаѓаат неколку минути по декемврискиот состанок на Федералните резерви на САД во средата, по кој се покажа дека централната банка може да ги зголеми каматните стапки веќе во март.

Веста доведе до остар пад на акциите во САД. Технолошкиот Nasdaq Composite Index, познат по својата силна корелација со Bitcoin, се повлече за 3,34% на 15.100. Акциите на Nvidia, AMD и Adobe паднаа за повеќе од 5%. Во минус се затворија и Dow Jones Industrial Average и S&P 500.

BTC, исто така, се соочува со проблеми во секторот за рударство на криптовалути поради бранот протести што избувна во Казахстан, вториот по големина рударски центар на Bitcoin.

Владата го исклучи интернетот низ целата земја за да ги смири немирите, принудувајќи ги локалните рудари да ја исклучат својата опрема.

Според податоците обезбедени од Coinwarz, хашрејтот на мрежата веќе е намален на 165 EH / s откако го достигна врвот од 229 EH / s на 1 јануари.

Марк Њутн, управен директор на Fundstrat Global Advisors, забележува дека 45.655 долари биле важно ниво на поддршка за Bitcoin. Сега, кога е пробиена, се чини дека водечката криптовалута ќе падне под 40.000 долари за прв пат од септември 2021 година.

Слични содржини