Зошто често не можеме да се сетиме што сонувавме?

од Vladimir Zorba
438 прегледи

Како се формираат нашите соништа остана мистерија во научните кругови. Денес знаеме дека нашиот мозок ги конструира соништата од нашите сеќавања кои се присутни во секојдневниот живот, како и од длабоките потсвесни материјали.

Значи, неодамнешните сеќавања се комбинираат со информации што сме ги собирале во последните години, спомени, трауми, емоции и чувства и се создаваат мистериозни, понекогаш апсурдни соништа.

Нашиот ум патува на одредени места ноќе или избира одредени спомени, бои, звуци, глетки или луѓе. И додека некои луѓе често се сеќаваат на своите соништа, други имаат проблем да го направат тоа.

Постојат многу причини зошто не се сеќаваме на нашите соништа, еве и некои од нив:

Стрес

Истражувања покажале дека стресот не само што ја нарушува и скратува РЕМ фазата на спиењето, туку и го зголемува бројот на будења во текот на ноќта. И двете може да ви го отежнат сеќавањето на она што сте го сонувале.

Исхрана

Важно е да се избегнува храна која го нарушува сонот, како што се масни и пржени оброци, зачинети јадења, агруми, но и газирани пијалоци.

Траума

Траумата е слична на стресот, но многу поинтензивна. Лесно може да доведе до несоница, но и целосно потиснување на потсетувањето на соништата во обид да се заборават болните кошмари што е можно поскоро.

Стимуланти

Се препорачува да избегнувате кофеин, никотин, алкохол и марихуана пред спиење, бидејќи сите тие го нарушуваат сонот. Иако се чини дека, на пример, алкохолот придонесува за побрзо заспивање, тој всушност го нарушува сонот во втората половина од ноќта кога алкохолот се вари.

Одредени лекови

Според експертот за спиење и професор на NYU, Жирардин Жан-Луис, „одредени лекови може да го попречат РЕМ циклусот на спиење или да предизвикаат кошмари“.

Нарушувања на сонот

Сè, од несоница до апнеја при спиење и нарколепсија може негативно да влијае на РЕМ фазата на спиење.

Пребрзо будење

Според психологот и експерт за соништа Рубин Најман, пребрзото будење може да предизвика да заборавите што сте сонувале. Тој вели дека периодот на некаква замаеност, извонредната хибридна состојба во која се будите од сон, е одличен за потсетување на она што сте го сонувале.

Не обрнување на внимание

Авторот и експерт за луцидни соништа Роберт Вагонер еднаш спомна дека некои луѓе едноставно се повеќе заинтересирани за нивните соништа од другите. А ако нешто не ве интересира, нема ни да му обрнете внимание.

Слични содржини