Усман Дембеле уште еднаш ја покажа својата неверојатна двострана техника во драматичната победа на ПСЖ над Ливерпул во осминафиналето на Лигата на шампионите.
Француското крило беше еден од стрелците во пенал серијата, а при изведувањето на пенали уште еднаш го збуни голманот со своите непредвидливи потези. Дембеле иако е природен изведувач со левата нога, реши да шутира со десната во клучен момент, менувајќи го аголот на движење и прецизно погодувајќи ја мрежата.
DROITIER OR GAUCHER? 🤪
When Dembélé lines up to shoot with his left but ends up scoring with his right! ⚽💥 pic.twitter.com/5BX1HZQcSI
— Ligue 1 English (@Ligue1_ENG) March 12, 2025
Дембеле постигнал голови и со левата и со десната нога речиси подеднакво во текот на кариерата – 37 пати со левата и 42 пати со десната, што му дава ретка предност. Неговата способност подеднакво добро да ги користи двете стопала со години ги фасцинира фудбалските аналитичари, а особено интересна е неговата претходна изјава за француските медиуми.
„Левата нога ми е посилна, јас сум левак“, изјавил своевремено Дембеле, а потоа дополнително ги збунил сите: „Ги изведувам пенали со десната, бидејќи подобро шутирам со таа нога“.
Дембеле е еден од најдобрите фудбалери во светот оваа сезона. Тој постигна 29 гола и оствари шест асистенции.