Зошто е добро да се јаде едно јаболко на ден?

од Stefanija Kuzmanovska
435 прегледи

Иако од него е можно да се направи сок, џем, желе, оцет и разни колачи – најдобро е да се јаде сурово. Јаболкото е богато со хранливи материи и ги содржи скоро сите хранливи материи потребни за нормално функционирање на телото.

На пример, едно средно јаболко содржи околу четири грама влакна, 14 проценти од дневната доза на витамин Ц, шест проценти од дневната доза на калиум и дури пет проценти од дневната доза на витамин К. Покрај тоа, конзумирањето на ова овошје ќе внесете полифеноли, но и витамини А, Е, Б1, Б2 и Б6.

Како прво, со конзумирање јаболка секој ден, ќе придонесете за одржување на здрави заби и непца. Иако не можат целосно да ја заменат четката за заби, пастата за заби и конецот – јаболката ги чисти забите со намалување на бројот на бактерии во устата. Покрај тоа, тие ги зајакнуваат забите и го спречуваат развојот на кариес.

Фенолното соединение кое се наоѓа во лушпата од јаболка го намалува нивото на холестерол во организмот – што му помага на срцето да работи. Покрај тоа, јаболкото содржи многу растителни влакна, чија потрошувачка помага во спречување на Алцхајмерова и Паркинсонова болест. Ова овошје содржи флавоноиди, кои имаат антиоксидативно дејство врз нервниот систем (Паркинсоновата болест се карактеризира со нарушување на централниот нервен систем).

Флавоноидите помагаат и во намалување на ризикот од рак на простата и белите дробови, додека лушпата од јаболкото содржи многу слоеви на тритерпеноиди, кои ги убиваат клетките на ракот – што е особено важно за здравјето на дојката, дебелото црево и црниот дроб.

Јаболката содржат кверцетин, кој е антиоксиданс поради што има антиинфламаторно, антиалергиско и антивирусно дејство. Така, јаболката го намалува развојот на дијабетес, згрутчување на крвта и формирање на урична киселина, покрај што тие позитивно влијаат на дишењето, бидејќи со конзумирање на пет или повеќе јаболка неделно, значително ја подобрувате работата на белите дробови.

Поради влакната што ги содржи, ова овошје е одлично оружје во борбата против дигестивните проблеми. Во случај на запек, тоа ќе апсорбира вода од цревата за да работи подобро, додека во случај на дијареја, ќе апсорбира вишок вода од столицата.

Слични содржини